Шилегов: Ниту една улица во Скопје во моментот не е преименувана

Од:

Ниту една улица во Град Скопје во моментот не е преименувана. Ова е процес во кој сите сме вклучени и согласно таквите реакции ќе одат именувањата, изјави денеска градначалникот Петре Шилегов по реакциите во јавноста за новите предлози за преименувања на дел од улиците во главниот град.

Шилегов посочи дека процесот е почнат уште во 2019 година и оти нормално е да се јават и вакви постфестум реакции, но дека за разлика од порано, сега граѓаните се вклучени во овој процес, се слушаат нивните размислувања и сугестии и согласно тоа ќе се вршат преименувањата. Според него, се работи за комунално прашање, кое не треба да се политизира.

– Не е „Ленинова“ во чест на Владимир Илич,„Ленинова“ е „Ленинова“ за скопјани. Ако тоа не можете да го разберете, не можете да размислувате да бидете дел од Скопје во оваа смисла во која зборувам. „Железничка“ е „Желеничка“ за скопјани. Таков тип на евидентни порано насилно скршени преименувани улици и скршена волја на граѓаните, едноставно мораме да ја корегираме. За тоа впрочем разговарав и со граганите во кампањата 2017 и тоа и е едно од ветувањата што ги кажав, истакна Шилегов по денешната заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев на претстојната реконструкција на Кејот 13 ноември.

За премиерот Заев, најважно е Советот како надлежна институција да ги слуша мислењата на граѓаните.

– Важно е Советот како директно одговорен и биран од граѓаните на Град Скопје или во општините, да постапува онака како што граѓаните укажуваат, порача Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Би можело да ве интересира

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“