Шилегов: Наместо за граѓаните, водата ќе поскапи за комплексот Железара

Од:

Советот на Град Скопје едногласно ја донесе одлуката за утврдување на цена како надоместок на трошоци за обезбедено доведување на вода за РЖ „Услуги“ АД Скопје (комплекс „Железара“).

Одлуката беше на предлог на скопскиот градоначалник Петре Шилегов која ја поддржаа сите 38 присутни советници.

Според советниците од ВМРО-ДПМНЕ, се работи за исправна одлука, но требало да се слушне и спротивната страна на што градоначалникот Шилегов рече дека не ја консултирале другата страна.

– Не ме интересира другата страна. Ме интересира состојбата во ЈП „Водовод и канализација“. Во Град Скопје до крајот на мојот мандат ќе нема да има повластено плаќање на услугите од ЈП „Водовод и канализација“. Имаме доволно разбирање и ќе дадеме период на адаптација и никому не должиме ништо. И затоа така лесно ги носиме тешките одлуки. Оваа одлука е исправна за Град Скопје, рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан