Шилегов: Над седум и пол илјади субвенции за инвертери за почист воздух во Скопје

Од:

Во последните три години, Град Скопје има досега доделено вкупно 7.530 субвенции за инвертери: 1379 во 2019, 5002 во 2020, и 1667 субвенции во 2021 година информираат од изборниот штаб на кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ Петре Шилегов.

Шилегов истакна дека во следниот мандат ќе се издвојат еден милион евра годишно субвенции за инвертер клима уреди, односно 4 милиони евра за наредните 4 години.

„Одлучни сме да го искорениме загревањето на нееколошки начин во Скопје и уште повеќе да го намалиме загадувањето“, потенцираше градоначалникот Шилегов.

Шилегов истакна дека ќе се зголемат двојно и субвенциите за велосипеди, односно, следните четири години ќе се доделат 30.000 субвенции за велосипеди.

Благодарение на политиките на Градот Скопје да доделува илјадници субвенции за инвертери, и илјадниците повторно приклучени домови кон централното парно греење, во Скопје има над 10 илјади оџаци што не чадат, и аерозагадувањето бележи континуиран пад.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

Бранувања во СДСМ, Филипче контра Шилегов: Ги искористија неговите приватни проблеми и задолженост

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко

Катерина Ѓуровски

Ние сме најдемократска партија, му одговори СДСМ на Шилегов

Шилегов: СДСМ е заробена партија, ја водат тезгароши