(ВИДЕО) Шилегов: Животот на сите луѓе ќе биде достоинствен!

Од:

Носителот на кандидатската листа на СДСМ во шестата Изборна единица Петре Шилегов денеска пред жители на Гостивар претстави дел од  програмата и мерките коишто оваа партија ги нуди на престојните избори.

Во програмата, посочи Шилегов, голем акцент се става на економијата и подобрувањето на животот на граѓаните, меѓу другото и исплата на 13-­та плата на крајот на годината.

– Со мерките кои ги имаме предвидено просечната плата во Македонија да се зголеми до 30 илјади денари по вработен, а за стопанствениците и дуќанџиите неказнуавње при прва опомена и преполовувањето на казните кои се дел од нашата програма, рече Шилегов.

Додаде дека ќе го направеле животот на граѓаните поевтин и поедноставен, преку укинување на радиодифузната такса и намалување на сметките преку поврат на средства во висина од 15 проценти од платениот данок на додадена вредност.

На новинарско прашање со што ќе го добијат гласот на Албанците во Македонија, Шилегов нагласи дека во СДСМ ги делат луѓето на „луѓе и нелуѓе“ и настојуваат да гради општество во кое нема да има поделби по ниедна основа, и ќе важат законите за сите под еднакаво.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот