Шилегов: Можете да ги внесете насилниците да спречите разрешување на Зврлевски

Од:

Пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов од собраниската говорница му порача на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски дека свесно го застарел случајот со земање мито од Македонска банка.

Според него, Зврлевски ја има вината и за тоа што не се презело речиси ништо за упадот во Собранието на 27. април, за Актор и за многу други случаи.

Шилегов обвини дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се способни повторно да ги внесат насилниците кои тепаа пратеници и новинари на крвавиот четврток со цел да не се разреши Зврлевски.

Тој кажа дека го знае обвинителот откако е адвокат, но дека сега застанал на страна на како што рече, криминалната врхушка која мора да се отстрани.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање