(ВИДЕО) Шилегов: Ќе вработуваме, имаме превработеност со неедуциран кадар

Од:

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, вели дека во администрацијата ќе има нови вработувања, но не прецизира дали ќе бројката ќе се искачи до 700 лица, како што се вели во јавноста. Тој не кажа колку луѓе ќе се вработат и кусо изјави „Тоа е работа на процена“.

„Нема нови вработувања на начинот на кој тоа беше презентирано во јавноста. Има трансформација на работните односи, што сме должни да го направиме во согласност со законот кај луѓе што подолг париод работеле со привремени договори. Не станува збор за нови 700 вработувања како што имаше обид да ѝ се прикаже на јавноста. Колку луѓе ќе примиме е работа на процена“, рече Шилегов.

Пред еден месец Шилегов тврдеше дека во администрацијата има 1.200 административци повеќе од она што е потребно. Сега, градоначалникот на град Скопје новите вработувања ги правда велејќи дека кадарот што моментно работи е неедуциран.

„Во делот во кој вработуваме лица – јас кажувам дека сме превработени, но кажувам и дека сме превработени со едно сериозно ниско ниво во однос на едуциран кадар, способност на луѓе. Кога јас дојдов како градоначалник, Градот имаше 17 обезбедувачи и 13 возачи. За сметка на овие луѓе ние немаме соодветни кадри што треба да ги водат процесите во Градот и препријатијата. Такви луѓе треба да примиме. Колку луѓе ќе примиме е работа на процена. Имаме програма, но не можеме да дозволиме да имаме превработеност. А имаме превработеност на ниските нивоа. Бројките малку се лажни“, додава Шилегов.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Стевчо вети катни гаражи, ама не направи ниту една, сега пак ги ветува истите

Ѓорѓиевски: Аеродром добива нов кружен тек, нов мост и уште многу други инфраструктурни проекти

ЈСП има нафта уште за денеска

Пуцко Петрол не доставува нафта за ЈСП: Уценетиот Асмир Јахоски учествува во креирањето хаос, обвинува Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Листа на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје

Горан Наумовски

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ