Шилегов: Ќе го испрашуваме и Груевски, нема да биде во негов интерес да побара затворена седница

Од:

Јавноста ќе биде сведок и сама ќе процени дали и кој ќе ја опструира работата на Анкетната комисија, изјави Петре Шилегов од СДСМ откако Собранието го изгласа 16-члениот состав на ова ново тело. Комисијата ќе треба преку сослушување на експерти и сведоци и преку посета на институциите надлежни за следење на комуникации, да утврди политичка одговорност за скандалите поврзани со прислушувањето. Седниците ќе бидат отворени така што јавноста ќе има увид во работата на Комисијата.

-Ќе бараме и ќе инститираме да бидат сослушани сите актери од бомбите. Ќе им бидат поставени прашања кои секој член ќе смета дека се легитимни во функција на утврдување на вистината и утврдување на политичката одговорност – рече Шилегов.

Седниците ќе бидат затворени за јавноста само во случај кога ќе бидат презентирани класифицирани информации, или кога тоа ќе го побара некој од сведоците за заштита на неговата сигурност. Според Шилегов ниту еден носител на јавна функција не би имал интерес да го побара тоа.

-Не гледам чив би бил интересот, особено кога се во прашање носителите на државни функции, премиерот во заминување, или министрите. Бидејќи нивни тврдења се дека податоците се невистините, не гледам разумна причина тие да побараат тајност поради заштита или да се повикуваат на одредби од законот за класификација на информациите. Никола Груевски нема политички интерес ова да го тера тајно, но доколку одлучи дека не сака да сведочи пред македонската јавнос, ќе оставиме македонската јавност да ги процени неговите мотиви – рече претседателот на Комисијата.

Секоја пратеничка група ќе може да предложи листа од тројца експерти или сведоци кои би биле солушани за време на комисиската седница. Кога листата ќе се исцрпи, пратеничката група има можност да предложи нови лица. Сослушувањето ќе треае шест недели, а до крајот на јануари до Парламентот треба да биде поднесен првиот извештај.

Мнозинството членови се на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, поради што се очекуваат препреки во работењето. Власта и опозицијата имаат сосема различни толкувања за аферата со масовното прислушување, поради што е тешко да се очекува дека пратениците ќе ги усогласаат своите ставови.

-Анкетната комисија ќе направи сериозен обид да ја утврди вистината независно од политичката припадност на членовите на комисијата. Владејачкото мнозинство де факто има и мнозинство во оваа комисија, меѓутоа како Социјалдемократски сојуз немаме што да сокриеме во врска со овој проект кој јавно и транспарентно го водевме пред целокупната јавноста. Нашиот политички интерес е второстепен, првостепен е интересот на граѓаните на Македонија за да се утврди вистината – рече тој.

Формирањето на Комисијата јавно го поддржа и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ја поддржуваме нејзината работа, како пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ живо сме заинтересирани да се дознае кој прислушувал, на кој начин, дали било неовластено, и особено во чиј интерес политички или личен било прислушувано. Дали интересот од прислушувањето е во полза на државата, дали е направено во интерес на една политичка партија, или во интерес на политичка кампања. Ќе се обидеме да добиеме одговори на овие прашања – рече Антонио Милошоски.
Шилегов порача дека декларативното залагање на политичките партии треба да се манифестира во непречно работење и функционирање на Комисијата.

-Конечно ќе треба сите политички партии својата декларативност да ја искажат во функционирањето на Комисијата. Очекувам доколку навистина се задржат до својата декларативна заложба за доаѓање до конечната вистина дека нема да ја опструираат работата. Доколку членовите сепак се одлучат наместо реалниот интерес на граѓаните, да ги бранат интересите на политичките структури, јавност аќе биде сведок и сама ќе оцени дали и кој ја опструира Комисијата – посочи тој.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он