Шилегов избран за претседател на ЗЕЛС

Од:

За нов претседател на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) е избран градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Негови заменици ќе бидат градоначалниците на Чаир, Висар Ганиу и на Кавадарци, Митко Јанчев.

На седницата на Генералното собрание денеска не присуствуваа градоначалниците од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а освен претседателот и замениците беа избрани сите тела на ЗЕЛС.

Шилегов кажа дека оваа функција ја доживува како одговорност повеќе и нагласи дека приоритет ќе биде продолжување на процесот на децентрализацијата, како и подобрување на финансирањето на општините со цел тие да добијат што поголема економска и финансиска самостојност.

– Тоа би значело дека процентот на средствата коишто се трансферираат од ДДВ кој во овој момент изнесува 4,5 проценти и персоналниот данок на доход кој изнесува 3 проценти во полза на општините би требало да се зголемуваат, како и д се среди делот од финансирањето на општините од блок-дотациите коишто централната власт ги префрла за потребите на општините на нивните сметки. Сето ова ќе овозможи поголема самостојност на општините во рамките на нивното финансиско функционирање со цел услугите кои единиците на локалната самоуправа и општините ги даваат на граѓаните да бидат на повисоко ниво што е всушност заложба на сите нас во текот на изборните кампањи, рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Владата спроведува партиски реваншизам кон општините во минатите две години

Претседателот на ЗЕЛС со повик до институциите на централната власт да се справат со дојавите за бомби

ЗЕЛС: Досега, речиси половина од општините обезбедија 14 милиони денари парична донација за настраданите во Турција и Сирија

Ана Ололовска

Арсовска разрешена од претседателската функција во ЗЕЛС, на нејзино место назначен е Орце Ѓорѓиевски

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Арсовска до Премиерот: Гледај си ги твоите проекти, кој ќе ти ги одземе тебе ингеренциите?!

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Обвинетите тврдат дека не го запалиле „аудито“ на Шилегови, обвинителот е дециден дека ќе докаже

Ландов