(ВИДЕО) Шилегов: Иванов ја напушти државата

Од:

Во време кога Македонија се соочува со една од најголемите политички и институционални кризи, креаторот на кризата Ѓорге Иванов реши да замине од државата. Наместо да го послуша ставот на мнозинството граѓани и на меѓународната јавност и да го додели мандатот за составување на нова влада, Иванов под влијание на Груевски, избра да ја продлабочи кризата и да замине во Азербејџан, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

-Повеќе од три месеци, Македонија е без легитимна Влада. Државен приоритет и во интерес на граѓаните е да се формира нова Влада во Република Македонија.Во отсуство на Иванов, Македонија останува без единствената каква-таква функционална институција. Собранието се уште нема избрано Претседател, а Владата и министрите имаат ограничени ингеренции, вели Шилегов.

Како што изјави тој, ваквото несериозно и опасно однесување, Иванов докажа дека единствената закана по безбедноста и стабилноста на Македонија се токму тој и неговиот ментор Никола Груевски.

Според Шилегов, непочитувањето на мнозинската волја, прекршувањето на Уставот и напуштањето на државата во период на длабока политичка криза, докажуваат дека Иванов е подготвен да ја држи целата држава во заложништво само за да спаси Груевски и неговите неколкумина соработници од одговорност.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски