Шилегов: Институциите да го расчистат случајот со извидничкиот камп

Од:

Градот Скопје секоја година финансира илјадници различни програми. Не можеме ние да ги предвидуваме сите дејствија кои што ќе ги прави корисник. Ова што е направено за жал е скандалозно и јас ги повикувам институциите најбрзо што е можно да го расчистат тој случај, рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов одговарајќи на прашањето поврзано со случајот за извидничкиот камп.

Случајот, како што напомена скопскиот градоначалник, не бил дел од апликацијата на Првиот извиднички одред кој што организирал кампот, ниту пак такво нешто можело да биде одобрено од Градот.

-Градот Скопје секоја година финансира илјадници различни програми како и оваа за која што денеска зборуваме како што се на пример занаетчиите. Не можеме ние да ги предвидуваме сите дејствија кои што ќе ги прави корисник. Ова што е направено за жал е скандалозно и јас ги повикувам институциите најбрзо што е можно да го расчистат тој случај, рече Шилегов на денешната прес-конференција во одговор на прашање.

За обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Шилегов посочи дека доаѓаат како резултат на недостаток на политики кои што можат да ги понудат на Скопје и на скопјани.

-Во недостаток на политики кои што можат да ги понудат на Скопје и на скопјани, во недостаток на определување на приоритетите во политиката, тие се занимаваат со црна кампања за мене. Ги замолувам ВМРО-ДПМНЕ, зборуваме за наши дечиња, за наши чувства, за емпатија и за родителски грижи во моментов. Срамота е за црна кампања против актуелниот и иден градоначалник да се користат тие емоции, додаде Шилегов.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања