Шилегов им ги честиташе претстојните празници на бездомниците со пакети топла облека

Од:

Градоначалникот Петре Шилегов денеска го посети Пунктот и Прифатилиштето за бездомни лица во Момин Поток и во пресрет на новогодишните празници им подели пакети со топла облека.

– Градот Скопје континуирано финансиски го помага работењето на овој центар, и таа наша поддршка ќе продолжи и следната година, со цел да им го олесниме животот на овие бездомните лица. Ова се наши сограѓани и ние и како луѓе и како институција треба да се трудиме да им помогнеме што полесно да се интегрираат во системот, и се надевам дека следната година на ова место ќе ги има во многу помал број – истакна градоначалникот Шилегов.

Тој, исто така, им подели пакети со топла облека и обувки на бездомниците и им ги честиташе претстојните новогодишни празници.

Секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева-Пауновска истакна дека стационарот е 24 часа отворен за да им излезе во пресрет на лицата во ладните денови кога температурите паѓаат под нулата и во него има тимови коишто со возило ги преземаат бездомниците од местата каде што се лоцирани.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ