Шилегов и Царовска ја посетија гимназијата „Орце Николов“

Од:

Градоначалникот Петре Шилегов и министерката за образование и наука Мила Царовска по повод почетокот на учебната година ја посетија скопската гимназија „Орце Николов“, каде што наставата ќе се реализира онлајн.

Шилегов и Царовска имаа средба со директорот на училиштето, Митко Димовски, и со професорите и ним, како и на средношколците од Скопје, им посакаа успешна учебна година, изразувајќи уверување дека преку соработка ќе се надминат сите предизвици што ги наметна новиот начин на настава.

– За да се заштити здравјето на учениците и на наставниот кадар од ширењето на корона вирусот, новата учебна година стартува со почитување на строги протоколи и онлајн-настава која ќе се изведува преку националната платформа за учење од далечина, соопшти Град Скопје во чија надлежност се 23 средни училишта во главниот град.

Би можело да ве интересира

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри