(ВИДЕО) Шилегов: Груевски призна дека „бомбите“ се автентични

Од:

Со тоа што владејачките партии поднесоа закон до Собранието кој што би забранил емитување на прислушуваните разговори, тие признаа дека „бомбите“ се автентични, изјави пратеникот од СДСМ Петре Шилегов.

„Поднесувањето на законот од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за според, Никола Груевски, лепените, сеченети и монтираните материјали одеднаш ги направи не било какви, туку прислушувани кои треба со закон да се забранат. Нема поголемо јавно признание на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за автентичноста на скандалозната содржина од снимките. Со овој потег признаваат дека се ислашени од материјалите“, рече Шилегов.

Ова не е дел, додаде тој, од договорот во Пржино меѓу потписниците, потенцираше, ниту разговарале ниту е дискутирано за ваков закон.

„Ова е обид да го нарушат преговарачкиот процес, но СДСМ тоа нема да го дозволи. Секојпат кога владеачките партии треба да голтнат кнедла која го разбива нивниот систем на корумпирано владеење се случува ваков упад во преговарачкиот процес. Ако се сеќавате еден ден пред изборот на Специјалниот јавен обвинител имаше скандалозни судски решенија во однос на прислушкуваните разговори“, рече тој.

Од СДСМ веруваат дека овој закон нема да биде изгласан.

На прашање што доколку владејачките партии го искористат мнозинството на пратеници во Собранието и го донесат законот Шилегов рече: Да не разговараме за хипотетички ситуации.

„Дали воопшто ќе дојде на седница и дали воопшто ќе се дискутира за овој предлог законе прашање за кое ќе посведочи самата јавност. За нас е битно што е конечно признаено, содржината на прислушуваните разговори. Нема да дозволиме да се наруши преговарачкиот процес, да почекаме овој закон да ја види светлината на денот“, додаде тој.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски