(ВИДЕО) Шилегов: Груевски одби да одговори на сите прашања од содржината на „бомбите“

Од:

Премиерот, Никола Груевски, на вчерашното сослушување пред Анкетната комисија одбил да одговори на прашањата поврзани со содржината на објавените „бомби“, изјави денеска претседателот на Комисијата, Петре Шилегов. Како што рече, не може да открие ништо повеќе затоа што седницата беше затворена за јавноста по барања на Груевски.

Поради реализираното барање на премиерот да одговара пред Комисијата на затворена седница, Шилегов вели дека Анкетна не ја исполнува својата функција.

-За жал не можам да дадам преодна оцена за работата на Анкетната комисија. Причина за тоа е што еден од главните актери во „бомбите“, Никола Груевски, одби да сведочи на јавна седница – рече тој.

За денешното непојавување на Миле Јанакиески пред пратениците, Шилегов изјави дека стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е јавноста да не ги слушне одговорите на функционерите за содржината на „бомбите“ и дека „прават се за да ја реметат работата на Комисијата и да ги затворат седниците.“

Меѓу следните сведоци ќе биде и лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Шилегов вети дека неговото сведочење ќе биде на јавна седница, отворена за медиумите.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно