Шилегов ги прифати барањата за Водно од иницијативата „Го сакам Водно“

Од:

„Би сакал директно да им одговорам на барањата на иницијативата „Го сакам Водно“ дека од сè срце ги прифаќам нивните барања и ги сметам и за свои. Изминатите четири години направивме многу за омиленото место за рекреација на скопјани. Воведовме ред во паркирањето, воведовме бесплатни автобуски линии, набавивме нова противпожарна опрема и возила само за планината и организиравме спасителни служби за рекреативците. Парите од паркингот ги инвестиравме во нови детски содржини и во две патеки за планински велосипедизам“, вели градоначалникот Шилегов.

„Водно го штитевме заедно со активистите во долгите и мачни преговори за гасоводот кој го наследивме како проблем. Успеавме да ја измениме трасата во критичните четири километри каде требаше да се пресече шума, но и успеавме да ја преполовиме ширината на коридорот со што дополнително заштитивме илјадници дрвја на Водно. Успеавме да обезбедиме средства од државата за компензација и пошумување на ерозивните подрачја на планината“, кажа Шилегов.

„Во мојата програма недвосмислено изјавив дека нема да дозволам покачување на градежната линија и дека јужната обиколница на Скопје (автопатот на Коце Трајановски низ падините на Водно) ќе биде избришан од новиот ГУП. За разлика од мојата противкандидатка, јас нема да сечам нова шума за нов коридор на жичницата до градот. Јас нема да дозволам гондоли да поминуваат над главите на жителите на Водно, Козле и Капиштец. Јас нема да дозволам пробивање на нови патишта како што правеа нејзините сопартијци. Ниту пак ќе дозволам нови сончеви населби на падините на Водно, како што правеа нејзините другари“, потенцира Шилегов.

„Би сакал директно да им одговорам на барањата на иницијативата „Го сакам Водно“ дека од сè срце ги прифаќам нивните барања и ги сметам за свои. Специјалниот закон за Водно е заедничка заложба со МЖСПП и Владата. Изработката на просторниот план со зонирање на Водно како простор од посебен интерес за Скопје е исто така моја заложба и планирам да ја изведам во соработка со централните институции. Денес ги задолжив службите во градот итно да постапат по одлуката на Владата за прогласување на Водно во заштитена зона и да испратат барање до Агенцијата за Просторно Планирање за изработка на Просторен План за Водно. Се надевам на вашата поддршка во вториот круг и на плодна соработка во вториот мандат“, вели градоначалникот Шилегов.

Би можело да ве интересира

Шилегов: Време е Милошоски да го напушти Собранието, двапати му падна косата до сега

Орце Костов

Запален автомобилот на сопругата на Шилегов: Почнаа да пукаат гумите, одма пријавивме

Кристијан Ландов

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и СДСМ цел мандат ништо не направија за загадениот воздух затоа Скопје е на врвот на најзагадени градови

Андоновски: Скандалозно е што СДСМ и Шилегов проектирале мостови, а не ја решиле експропријацијата, сега тие мостови завршуваат на приватен имот

ВМРО-ДПМНЕ: Расипникот Шилегов и СДСМ оставија долг од 160 милиони евра на Град Скопје

Шилегов: Извесен е влезот на Алтернатива во Владата, не знам дали ќе се дискутира за оставката на Заев

А1он