Шилегов ги повлече од дневен ред предлозите за промена на цената на водата во Скопје

Од:

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на денешната петта седница на Советот на Град Скопје, ги повлече од дневен ред предлог-одлуките со кои беше предвидена промена на цената на водата во Скопје.

Станува збор за три точки, поточно Предлог-Одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје за регулиран период 2018-2020 година; Предлог-Одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување тарифа за собирање и одведување урбани отпадни води на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје за регулиран период 2018-2020 година; како и Предлог-Одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување тарифа за прочистување отпадни води на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје за регулиран период 2018-2020 година.

– Имајќи предвид по извршената длабинска анализа за финансиската состојба и работењето на ЈП „Водовод и канализација“, имајќи предвид дека се политикантски мотивите на Регулаторната комисија, имајќи предвид дека Регулаторната комисија не ја заснова својата одлука на фактите и реалните потреби на граѓаните, предлагам точките 25, 26 и 27 да се симнат од дневниот ред. Додека сум јас градоначалник на Скопје, граѓаните на Град Скопје поради политикантски одлуки на партизирани органи од минатото нема потреба да плаќаат поскапа вода. Водата ќе остане со истата цена, а ние со домаќинско работење ќе ги сервисираме сите потреби на јавното претпријатие – кажа градоначалникот Шилегов.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања