Шилегов: Двата нови булевари во Бутел се доказ дека оваа општина најбрзо се развиваше во изминативе четири години

Од:

Кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ Петре Шилегов оствари средби со жителите на Бутел. Во разговор со бутелчани Шилегов потенцираше дека Бутел е општина со најбрз развој во изминатите 4 години.

– Бутел денес една од општините со најмногу важни капитални проекти и затоа најбрзо се развива. Во Бутел изминатиот мандат вложивме многу затоа што 30 години ВМРО-ДПМНЕ ја забораваше оваа исклучително важна општина за развојот на нашето Скопје.

– Со изградбата на булеварот Христијан Тодоровски Карпош обезбедивме побрз излез на скопската обиколница преку модерно булеварско решение со тротоари, вело-патеки, лед осветлување, средишно и странично зеленило. Исто и некогашната улица Босна и Херцеговина сега е булевар со велосипедски и пешачки патеки, ново зеленило и ново осветлување. Ги реконструиравме улиците Александар Урдаревски, Лазо Трповски и Боца Иванова, а при крај е и улицата Бутелска, додаде Шилегов.

– Во наредниот мандат го пробиваме булеварот Хрватска и ќе го продолжиме бул. Словенија до Ѓорче Петров и со тоа северниот магистрален прстен конечно ќе стане целина. Со тоа се остварува долгогодишниот сон за поврзување на Бутел и Автокоманда со булеварско решение од булеварот Босна и Херцеговина и Христијан Тодоровски – Карпош до Естекада. Новиот булевар оди заедно со нови линии на јавниот превоз, нови велосипедски и пешачки патеки, најави Шилегов.

„Вие сте моќта на овие избори, вие сте гаранција за победа што значи континуитет и грижа за секој човек, за секое семејство. Вие сте гаранција дека Скопје нема да запре, дека нема да назадува, вие сте гаранција дека ќе го градиме Скопје какво што вие сакате, вие сте гаранција за победа иднината наместо на минатото. Изградбата на паркови, културни објекти и јавни содржини кои обединуваат луѓе не смее да запре. Изградбата на европско, урбано и зелено Скопје мора да продолжи. Ајде да се обединиме затоа што имаме иста цел – силно, единствено Скопје, во кое се живее достоинствено. Излезете на изборите и изберете силно Скопје, Скопје кое се гради, кое расте, Скопје кое го продолжува својот пат меѓу најразвиените градови во Европа. Да се обединиме затоа што развојот на Скопје и Бутел не смее да запре“, нагласи Шилегов во своето обраќање пред жителите на Бутел.

Би можело да ве интересира

Шилегов: Време е Милошоски да го напушти Собранието, двапати му падна косата до сега

Орце Костов

Запален автомобилот на сопругата на Шилегов: Почнаа да пукаат гумите, одма пријавивме

Кристијан Ландов

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и СДСМ цел мандат ништо не направија за загадениот воздух затоа Скопје е на врвот на најзагадени градови

Андоновски: Скандалозно е што СДСМ и Шилегов проектирале мостови, а не ја решиле експропријацијата, сега тие мостови завршуваат на приватен имот

ВМРО-ДПМНЕ: Расипникот Шилегов и СДСМ оставија долг од 160 милиони евра на Град Скопје

Шилегов: Извесен е влезот на Алтернатива во Владата, не знам дали ќе се дискутира за оставката на Заев

А1он