Шилегов бара идеи, искуства и сознанија за решавање на проблемот со загадувањето од граѓаните

Од:

Градоначалникот Петре Шилегов ги поканува граѓаните да ги споделат своите одржливи идеи, искуства и сознанија за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје. Средбата со граѓаните е закажана за во понеделник (18.12.2017 година) од 12:30 до 14 часот, во Салата на Советот на Град Скопје.

Ги поканувам сите мои сограѓани кои имаат одржливи идеи за решавање на проблемот со аерозагадувањето да дојдат во понеделник и со мене и со моите соработници да ги разгледаме тие идеи и можностите тие да се спроведат на дело. Заедно со граѓаните, да се обидеме полесно и побрзо да дојдеме до посакуваното решение за овој долгогодишен проблем – вели градоначалникот Шилегов.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања