(ВИДЕО) Шилегов: Бадниковите поворки се граѓанска иницијатива, нема злоупотреба на деца за религиозни и политички цели

Од:

Нема злоупотреба на деца во религиозни и политички цели во Бадниковите поворки, смета градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Тој кажа дека станува збор за граѓанска иницијатива, а градот обезбедил превоз за децата за да излезе во пресрет на нивните барања.

– Тоа е граѓанска иницијатива која што се обрати до градоначалниците и до Градот Скопје. Не гледаме дека е злоупотреба на децата, бидејќи таа иницијатива потекнува од самите родители на децата, кои свесно ги внеле децата во таа иницијатива. Ние како град Скопје само излеговме во пресрет на определени потреби за превоз на децата со автобуси. Не гледам дека може да стане збор за каква било злоупотреба во тој случај, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање по божикната литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Шилегов додаде дека не станува збор за нарушување на секуларноста на државата, нагласувајќи дека тоа е граѓанска иницијатива.

– Таа не доаѓа од некоја од религиозните заедници, туку е класична граѓанска иницијатива, која слави еден верски празник што е нешто што доста често ни се случува во државата, а ние како избрани претставници токму на граѓаните, во зависност од нивните потреби и во зависност од можностите им излегуваме во пресрет, додаде Шилегов.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан