Шеталиштето во Охрид е преполно, не се почитуваат мерките за заштита од коронавирус

Од:

Гужви, без почитување на мерките вечерва во Охрид. Шеталиштето покрај Охридското Езеро преполно со посетители од други градови, но и жители.

Дел од нив не ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус, застануваат и се поздравуваат со познаници и купуваат од тезги без да носат маски.

Поради навалата од луѓе, тешко се одржува и препорачаната дистанца од два метри. Иако постојано патролира полиција со службено возило, тие не ги казнуваат граѓаните кои не ги почитуваат мерките.

Од паркираните возила се гледа дека бројни во градот се и скопјаните кои викендот го минуваат во Охрид. Вечерва забележително е дека полни се и кафеаните и кафулињата.

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица