Шестмина повредени во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје

Од:

На булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, вчера околу 21 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу „алфа ромео“ управувано од А.С.(23) од Скопје и возило „тојота аурис“ управувано од Б.Н.(29) од Скопје.

Во несреќата со тешки повреди се здобиле сопатничките во возилото „алфа ромео“, М.К.(21) и К.М.(18), двете од Скопје, додека двајцата возачи и сопатниците од возилото „тојота“ Љ.Ј.(62) и Р.Ј.(34) од Скопје се здобиле со повреди констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он