Шестмина починати и 179 нови случаи на Ковид-19 во последните три дена

Од:

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена, во периодот од 09.09 до 11.09.2022) направени се 1.286 тестови, а регистрирани се 179 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 94, Битола – 16, Куманово – 11, Прилеп, Кавадарци, Велес и Неготино – по 6, Штип и Делчево – по 5, Охрид и Кочани – по 4, Тетово и Берово – по 3, Гостивар и Крива Паланка – по 2, Струмица, Ресен, Радовиш, Валандово, Кратово и Демир Хисар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (179), регистрирани се 36 реинфекции.

Регистрирани сe 347 оздравени пациенти од: Скопје – 215, Битола – 22, Кавадарци – 14, Велес – 11, Куманово и Тетово – по 10, Прилеп – 9, Охрид – 8, Берово, Гостивар и Гевгелија – по 6, Кичево и Свети Николе – по 5, Кочани и Струмица – по 4, Штип – 3, Богданци и Македонски Брод – по 2, Крива Паланка, Радовиш, Кратово, Струга и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (09.09 – 11.09.2022) пријавени се 2 починати лица, по едно лице од Скопје (79г) и Валандово (86г). Лицата се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 4 починати лица, по едно починато лице од Скопје, Битола, Охрид и Крушево, на возраст од 71 – 89г. Три лица се починати во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови. Лицата се починати во период од 25.08. до 01.09.2022 година.

Направени се 1.286 тестови преку: ИЈЗ-165, ЦЈЗ Скопје-70, ЦЈЗ Битола-39, ЦЈЗ Прилеп-3, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-36, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–34, Жан Митрев (Филип Втори)-22, Авицена-21, Биотек-35, Систина-72, лабораторија Лаор-8, Синлаб-18, Ремедика-0, Плодност-8, Генеа-13, Никоб Лаб-53, ВФВ Медикал-11, Ели Медика Плус-8, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-14, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 635.

Досега во земјата се направени вкупно 2.158.164 тестирање на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.583, бројот на оздравени пациенти е 331.213, на починати е 9.512, а бројот на активни случаи изнесува 858.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска