Шестмина од денешните позитивни на Ковид-19 се од Сарај

Од:

Шест лица од денешните 26 случаи на Ковид-19 се од општина Сарај, покажуваат статистиките на Министерството за здравство.

Утврден е и еден позитивен случај од скринингот, но се уште нема податок дали станува збор за градинките или домовите за стари лица.

Нови случаи од Скопје, освен овие, има и во Чаир (4), Бутел (4), Кисела Вода (1), Арачиново (1), Карпош (1), Студеничани (2), Шуто Оризари (2), Аеродром (3).

Скопје со 239 активни случаи е град со најголем број заразени. На врвот на листата е скопската општина Чаир со 54 случаи на заразени, а зад неа се Сарај со 39 случаи, Гази Баба со 34 случаи, Аеродром со 29 случаи и Бутел каде се регистрирани 25 активни заболени од коронавирус.

Министерството за здравство денес извести дека Скопје има 240 активни случаи.

Во последните 24 часа беа регистрирани 52 нови случаи. Од нив 26 се во Скопје, 6 во Куманово, 7 во Штип, 9 во Тетово, 2 во Струга, и по еден во Велес и во Кочани.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски