Шести ден штрајк на осудените за Диво Насеље, бараат подобри услови

Од:

Од девет лица, петорица осудени за настаните во Диво Насеље, Куманово штрајкуваат една недела со глад и одбиваат да излегуваат на прошетка во затворот „Скопје“ во Шутка. Бараат погодности како викенди со работен ангажман и интимни соби за средби со семејство односно сопругите. Ова би значело дека тие треба да бидат премести во друга казнено поправна установа бидејќи затворот во Шуто Оризари е истражен затвор со различен куќен ред. За ова е информиран и министерот за правда, Никола Тупанчески кој кажа дека директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски веќе разговарал со осудениците и се пред договор.

„Информиран сум од директорот дека има и официјално доставено допис дека дел од осудените лица штрајкуваат со глас. Споменавте за настаните за Диво Насеље во Куманово. Директорот по вторпат разговараше директорот. Во позитивна насока се движат работите. Тоа значи да ги добијат сите привилегии согласно закон. Доколку се утврди дека не ги добиваат своите права и погодности, ќе се реагира според закон Секое лице е приказна за себе“, кажа Тупанчески.

Тој додаде дека директорот Спасовски постигнал и договор да се прекине штрајкот со глад.

„Но истовремено да се почитуваат сите безбедносни мерки за осудените лица“, кажа Тупанчески.

За осудените на настаните од Диво Насеље, има и бара за екстрадиција од косовските власти.

„Нема одлука во таа насока. Се работи за процес или за правна ситуација каде треба да бидат анализирани повеќе фактори, за Министерството за правда да ја донесе правилната одлука“, рече Тупанчески.

Вооружената престрелка во Куманово се случи во мај 2015 година. Осудените се косовски државјани. Убиени се седуммина полицајци. Првостепената пресуда Основниот кривичен суд ја донесе на 2 ноември 2017 година, а беше потврдена во јули 2019-та и од Апелацискиот суд. 33 лица беа прогласени за виновни од кои седуммина добија доживотен затвор; 13 беа осудени по 40 години затвор; шестмина по 20 години, а останатите добија од 12 до 18 години затвор.

Би можело да ве интересира

Девет години од настаните од „Диво Насеље“

Спасовски: Хероите вечно живеат, ова спомен обележје нека ја пренесе пораката за длабока почит, љубов кон татковината, мир и соживот

Спасовски: Осум години од „Диво насеље“ – Никогаш да не се повтори!

Ана Ололовска

Алтернатива тврди дека мнозинството зависело од ветувањето на Ковачевски за меѓународна истрага за „Монструм“ и „Диво Насеље“

A1on

Откриена спомен биста во Брвеница на загинатиот припадник на единицата „Тигар”, Жарко Кузмановски

Смртни закани за новинарот кој ги нарече криминалци членовите на „Кумановската група“, уапсени две лица

Катерина Ѓуровски