Шеста ротација на словачки полицајци во Македонија

Од:

Дваесет и пет припадници на полицијата на Словачка денеска ќе пристигнат во Македонија за да спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, во областа на Битола и Меџитлија, информира Амбасадата на Република Словачка во Скопје.

Шестата ротација на 25-те припадници на словачката полиција е врз основа на Меморандумот за разбирање помеѓу министерствата за внатрешни работи на Република Словачка и Република Македонија.

Полицајците ќе бидат соодветно опремени со теренски моторни возила, термални камери и уреди за ноќно гледање. Мандатот на словачката полицициска мисија ќе биде 30 дена со можност за продолжување.

Словачка во 2016-та година има испратено вкупно 125 полициски службеници што, како што наведуваат во соопштението од Словачката амбасада во Македонија, е најголем придонес по глава на жител од осумте странски држави кои учествуваат во заедничките операции во Македонија.

– Помошта е израз на солидарност во решавањето на мигрантската криза и во контекст на неодамна завршеното словачкото претседателство во Советот на ЕУ, каде еден од приоритетите беше „одржлива мигрантска и азилска политика”, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР