Шест сообраќајки во текот на вчерашниот ден во Скопје

Од:

Во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, четири со телесни повреди и една со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди (сопатник во патничко моторно возило) и шест лица се здобиле со лесни телесни повреди. Од преземените мерки констатирано е дека 41 возач управувале возило со поголема брзина од дозволената.

Исто така, 12 возачи се исклучени од сообраќајот и тоа – 10 возачи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило а двајца бидејќи биле возачи почетници. Покрај ова, 10 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани.

Пет возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци и еден бидејќи неправилно престигнувал. Во текот на изминатиот ден, издадени се и 98 мандатни платни налози, додека 100 возила се подигнати со “пајак”.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство