А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Шест сообраќајки во Скопје, едно лице загинато

by А1он09/10/2014 - 08:54117
Share0

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно шест сообраќајни незгоди. Во сообраќајката што се случила во 16 часот и 10 минути на ул. „Ф. Рузвелт“ загинало едно лице. Во сообраќајната незгода учествувале патничко моторно возило „ауди А4“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и еден пешак, граѓанин на Скопје. Во незгодата пешакот им подлегнал на повредите.

Добивај вести на вибер

Од нив, четири се со последица материјална штета и една е со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 22 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 29 возачи кои го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола и 13 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилото.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи кои со возилото непрописно се престроиле пред крстосница, кои не го користеле безбедниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилото, како и со возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи предавања со децата од предучилишна возраст во детската градинка „Срничка“, во објектите „Лале“ и „Бамби“ кои се наоѓаат на територијата на општина Аеродром.

Денеска со почеток во 20 часот и 45 минути на Националната арена „Филип Втори Македонски“ ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Луксембург. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземани соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а од 16 часот на крстосницата од ул. „Ј. Х. Џинот“ и „М. Трети“ кон стадионот ќе се врши непречено пропуштање на возилата со посебни пропусници. Во оваа прилика до сите граѓани кои имаат намера да дојдат на фудбалскиот натпревар сообраќајната полиција апелира да ги користат возилата на јавниот превоз, а доколку дојдат со сопствено возило истите да ги паркираат на паркинг-просторот на ул. „Лазар Личеноски“ под тврдината Кале или на паркинг-просторите во централното градско подрачје.

crna hronikasoobrakajka

Би можело да ве интересира

Поради сообраќајка, во прекин е сообраќајот на патот Удово – Валандово

Горан Наумовски15/11/2025 - 17:45

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он04/11/2025 - 18:44

Лишен од слобода возачот кој денеска удри велосипедист на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје и го напушти местото на настанот

Предраг Петровиќ03/11/2025 - 16:3903/11/2025 - 16:39

Полицијата го уапси возачот кој во Маџари тешко повреди девојче и избега од местото на несреќата

Горан Наумовски31/10/2025 - 08:36

Во Маџари тешко е повреденo 11-годишно девојче, возачот избега од местото на сообраќајката

Горан Наумовски29/10/2025 - 13:0429/10/2025 - 13:15

Млад џудист на „Партизан“ загина во сообраќајка близу Нови Сад, осум патници се тешко повредени

Горан Наумовски29/10/2025 - 08:1329/10/2025 - 08:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен