А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Шест сообраќајки вчера на подрачјето на Скопје

by А1он31/12/2014 - 08:37136
Share0

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно шест сообраќајни незгоди.

Добивај вести на вибер

Од нив, три се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се седум возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. Тројца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и девет возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 24 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

По повод пречекот на Новата 2015 година Градот Скопје со почеток во 20 часот организира прослава која ќе се одржи на плоштадот „Пела“. Затворени за сообраќај ќе бидат улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, од крстосницата со улицата „Филип Втори Македонски“ до крстосницата со улицата „Даме Груев“. Со цел безбедно и непречено одвивање на манифестацијата од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

skopjesoobrakajka

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Горан Наумовски05/03/2026 - 13:39

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски04/03/2026 - 13:5304/03/2026 - 13:55

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Горан Наумовски23/02/2026 - 13:11

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 14:5122/02/2026 - 15:56

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:04

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен