Шест месеци затвор за Командант Коки

Од:

Скопскиот Кривичен суд пресуди шест месеци затвор за Никола Ѓорѓиев, познат како Командант Коки. Според обвинението, ноќта на 23-ти декември минатата година по него се вклучени флешери и хорна и се упатиле дежурните полициски „Алфи“ да го сопрат додека возел на улицата Иво Лола Рибар.

Тие повикале засилување, но набргу бил застанат во слепа уличка кој, како што стои во обвинението, одбил да соработува и повлекол еден од полицијците за врат, му удрил бокс и полицаецот паднал на земја во безсознание.

Адвокатот на Командант Коки, Сашко Дуковски, го оспори обвинувањето тврдејќи дека не било возможно Георгиев со левата рака да го завлече полицаецот, а во фотодокументацијата да има гребаниви на левиот дел од вратот.

Поради досегашното досие на Георгиев, судот реши тој да остане во притвор до правосилноста на пресудата.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи