ВИДЕО: Шест месеца затвор за таткото на Боки 13

Од:

Таткото на Бојан Јовановски, Боки 13, Миле Јовановски е осуден на казна затвор во траење од шест месеца бидејќи со умисла тешко телесно го повредил попот Виктор Стојчев на 7 јануари, Божик, 2017 година. Одбраната има право на жалба до Апелациониот суд. Јовановски не дојде да ја чуе пресудата.

Според обвинението, Миле Јовановски на Божик, го нападнал попот Виктор Стојчев. Расправијата за паркинг, почнала кога попот обидувајќи се да го паркира џипот, не можел да влезе во дворот бидејќи возилото на Јовановски било паркирано пред влезот.

Татко му на Боки првин почнал да го удира попот со тупаници, а потоа продолжил да го удира надвор од возилото. Јовановски тврдеше дека бил испровоциран од попот.

Стојчев ќе бара отштета од Миле Јовановски во граѓанска парница.

Би можело да ве интересира

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески