Шест лица во Скопје обвинети за прекршување на полицискиот час

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетите не постапиле согласно донесената Одлука за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот, соопшти Јавното обвинителство.

Надлежните јавни обвинители предложија за секој од обвинетите да биде изречена парична од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​

Би можело да ве интересира

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска