Шест лица се повредени во сообраќајка во Струмица

Од:

Шест лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во 3.40 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица, соопштија од СВР Струмица.

Во несреќата учествувале три автомобили со струмички регистарски таблички – „ауди“ управувано од К.Р. (25) од Струмица, „опел астра“ управувано од К.Ш. (29) од село Гечерлија, струмичко и „БМВ“ управувано од А.С. (26) од село Ангелци, струмичко.

Како што се наведува во соопштението, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.С.(24), сопатник во патничкото возило „ауди“, а со телесни повреди се здобиле возачите на патничките возила „ауди“ и „опел астра“, како и М.Ш и А.Д., сопатници од патничкото возило „опел астра“ и В.М.Ѓ., сопатник од патничкото возило „ауди“.

Повредите биле констатирани од лекар во медицинскиот центар во Струмица, а увид на местото извршила увидна екипа на полициската станица во градот.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он