А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Шест лица обвинети за криумчарење мигранти

by А1он04/01/2021 - 16:38322
Share0

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт за криумчарење мигранти за шест лица. Криминалната група во повеќе наврати прифаќала и превезувала илегални мигранти со различни патнички и товарни моторни возила адаптирани за превоз на повеќе лица и со лажни регистарски таблички. Од парите заработени од бизнисот купувале возила и недвижности.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопшти ЈО, во период од декември 2019 година до октомври 2020 година со умисла и од користољубие браќата Р.В. (27) и Д.В. (26) организирале група за вршење кривични дела – криумчарење мигранти, а припадници на организираната група станале А.А (28), В.Д. (22) и И.М. (27).

-Организаторите го договарале пренесувањето на илегалните мигранти, при што кон НН лица од Грција и кумановско-липковскиот регион испраќале СМС пораки со внесени GPS координати на локации од околината на Дојран, Струмица и Гевгелија од каде обвинетите А.А., В.Д. и И.М. ги прифаќале илегалните мигранти од територијата на Р.Грција и ги превезувале до договорените локации во кумановско-липковскиот регион. Таму мигрантите во организација на НН лице кое престојувало во кумановско – липковскиот регион биле времено сместувани и засолнувани во објекти на НН лица, соработници и помагачи на организираната криминална група, а потоа биле пренесувани преку територијата на Србија кон државите на ЕУ, се наведува во соопштението на ЈО.

Припадник на организираната група била и обвинетата Д.К.(21) која во тој период била во врска со еден од организаторите и телефонски контактирала со лица организатори и членови на организираната криминална група, договарала и обезбедувала парични средства за успешно криумчарење групи илегални мигранти.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во неколку наврати како резултат на полициските патроли, членовите на групата задолжени за превезување на мигрантите исплашени да не бидат откриени бегале и ги оставале возилата со мигрантите. На тој начин во три одделни случаи во напуштените возила се пронајдени 94 илегални мигранти.

-Групата работела и надвор од границите на нашата држава, па така во јануари минатата година од страна на обвинетиот Р.В. на територијата на Грција било организирано прифаќање и безуспешно превезување на 13 лица илегални мигранти, кога од страна на грчката гранична полиција биле приведени двајца македонски и еден српски државјанин. Во кривично правниот настан во улога на т.н.„чистач“ учествувал обвинетиот Р.В. кој успеал да избега, но, пасошот му останал во запленетото возило, за што ја известил обвинетата Д.К. Таа и неговото семејство направиле план како безбедно да го вратат во Македонија. Така, мајката на обвинетите Р.В. и Д.В. заминала за Р.Грција со патната исправа на обвинетиот Д.В. со намера обвинетиот Р.В. со неа да оствари излез од Р.Грција. Поради опасноста да биде откриен и фатен доколку ја даде на увид патната исправа на неговиот брат на граничните премини, обвинетиот Р.В. договорил да дојде неговиот татко и заедно илегално да ја поминат државната граница. Обвинетата Д.К. со своето ПМВ марка Волксваген Голф го превезла таткото до одредена локација на територијата на Р.Грција во близина на ГП-Евзони, каде се сретнал со Р.В. и илегално се вратиле на територијата на Р.С.Македонија. Двајцата биле прифатени од страна на обвинетиот Д.В. и уште едно лице и заедно со ПМВ Ауди 6 се упатиле кон нивниот дом. Возилото било забележано како сомнително во близина на македонско-грчката граница и биле запрени од страна на полицијата на која одбиле да се легитимираат и го стартувале возилото со голема брзина, по што биле следени до нивниот дом во с.Стојаково, појаснуваат од ЈО.

Обвинителството доставило и предлог мерката притвор определена од судија на претходна постапка против обвинетите Р.В, Д.В и И.М и мерката куќен притвор определен од Кривичниот совет против обвинетата Д.К да се продолжат, а на обвинетиот В.Д. определената мерка притвор да му се замени со мерка куќен притвор.

hronika

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 19:40

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 18:18

Ја принудувал сопругата на сексуални односи, ги тепал и неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 15:55

Бомба фрлена кон куќа во Бардовци

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 15:5416/08/2026 - 16:29

Еден повреден и петмина приведени по тепачка на семејна веселба во село во Центар Жупа

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 14:37

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица

Катерина Ѓуровски14/08/2026 - 11:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео