Шест компании ќе вработуваат матуранти од училиштето „Михајло Пупин“ од Скопје

Од:

Осумдест ученици од Средното електро-техничко училиште „Михајло Пупин“ од септември ќе учат по наставна програма која е профилирана за потребите за шест компании од Македонија, а по завршувањето на образованието, 57 матуранти ќе имаат загарантирано вработување.

Компаниите Ванхол, Арчерол Митал, Макстил, Цементарница УСЈЕ, „Раде Кончар“ и Виталија денеска попишаа Меморандум за соработка со училиштето, кое во септември минатата година веќе почна со реализација на еден ваков проект со ЕВН.

Министерката за образование и наука Рената Дескоска по потпишувањето на Меморандумот рече дека добро е тоа што се повеќе компании ја препознаваат можноста за поврзување на бизнис секторот со образованието.

– Овој проект кој денеска резултира со потпишување на Меморандум за соработка е всушност продолжување на проектот што започна во септември минатата година кога ЕВН ја почна традицијата на потпишување на договори, стипендирање на ученици кои потоа ќе бидат вработени во компанијата, истакна Дескоска.

Таа додаде дека ова е еден добар пример на постепено воведување на дуалното образование во Република Македонија кое значи креирање на наставни планови соодветни на потребите на пазарот, поврзување на образованието со бизнисот, а се со цел за учениците да се стекнат со вештини за подобра вработливост.

– Сакам да апелурам што повеќе ученици да ја препознаат предноста од избор на средно стручно образование кое овозможува да стекнат занает, но и проодност понатаму во високошколските установи во Македонија, рече Дескоска.

Претставниците на компаниите изразија благдарност на училиштето и Министерството за образование и наука, за можноста за соработка бидејќи, како што рекоа, им се овозможува полесно да обезбедат кадар потребен за нивните бизниси преку обучени ученици кои ќе работат на наставна програма прилагодена за потребите на компаниите.

Директорот на Ван Хол, Аврам Стојчевски, производител на автобуси, рече дека во текот на работењето на компанијата увиделе дека во Македонија се потешко се доаѓа до кадри од областите на техничките науки.

Со истиот проблем се соочила и компанијата Цементарница УСЈЕ за која генералниот директор Борис Хрисафов рече дека и тие подолг период се соочува со вработување на млади кадри, односно со вработување на средношколци кои, според него сите се насочени кон завршување на високото образование кое не овозможува вработување за сите.

Според директорот на училиштето Ефтим Пејовски овој чин преставува продуцирање на квалитетни млади кадри кои во иднина би можеле и самите да бидат дел соработниците на некои од компаниите.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови