Шест кандидати за изборот за ректор на УКИМ, листата ќе биде утврдена и објавена утре

Од:

Шест кандидати се пријавиле за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за изборите што ќе се одржат на 30 мај.

Според конкурсниот рок за доставување кандидатури во Архивата на УКИМ, денеска до 16 часот биле примени пријавите на шест професори од Скопскиот универзитет кои се кандидати за ректор на УКИМ во мандатниот период 16 септември 2023 – 15 септември 2026 година.

Претседателката на Универзитетската изборна комисија, проф. д-р Родна Живковска, за МИА изјави дека Комисијата утре на состанок ќе ја утврди листата на кандидатите кои ќе влезат во трка за прв човек на најстариот и најголем универзитет во земјава и тие ќе бидат објавени на веб-страницата на УКИМ.

Според Роковникот за изборите за ректор, листата ќе им биде доставена на кандидатите и тие ќе имаат право на приговор во рок од три работни дена. По рокот за приговори ќе бидат објавени и програмите за работа на кандидатите за нов ректор.

Гласањето на факултетите ќе се спроведе на 30 мај кога се очекува да биде избран новиот ректор на УКИМ. Тој треба да го наследи актуелниот, проф. д-р Никола Јанкуловски, кој оваа функција ја извршуваше во два мандата.

Би можело да ве интересира

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Биљана Ангелова резбрана за ректорка на УКИМ

Горан Наумовски

ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ

Катерина Ѓуровски

Студенти од ФЛУ Скопје дел од меѓународна изложба во Сараево

А1он

Доделена годишната Награда на најдобрите научници и уметник на УКИМ за постигнати врвни резултати во 2024 година

Зградите на ФИНКИ и на Факултетот за физичко образование пропаѓаат со години, стручна анализа треба да ја одблокира изградбта

Катерина Ѓуровски