Шест интервенции на кумановските пожарникари

Од:

Шест интервенции бележи Територијалната против пожарна единица на Куманово во текот на вчерашниот ден, информираа денеска надлежните од кумановската противпожарна единица.

Пожарникарите вчера интервенирале во село Шупли Камен каде што горела сува трева во периодот од 10:30 до 15:05 часот. Во 12 часот горела вегетација на Градските гробишта, која била изгасната по еден час.

Четири часа кумановските пожарникари со две противпожарни возила гаселе запалена сува трева, но и викендица во во Доброшане. Пожарот е изгаснат во 20 часот.

Како што информираат од  кумановската противпожарна единица и во кумановското село Пчиња горела сува трева, стрниште, а пожарот зафатил и тополи, вчера од 18:45 до 21:40. часот. Горело и ѓубриште кај локалитот „Стара Кланица“, но и сува трева и стрниште кај Градиште. Пожарникарите ја завршиле интервенцијата во 22:35 часот.

Би можело да ве интересира

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово