Шест години од „црниот понеделник“

Од:

Денеска се навршуваат шест години од „црниот понеделник” кога на 24 декември 2012 година пратениците од опозицијата и новинарите беа исфрлени од Собранието од страна на собраниското обезбедување, по што овој ден беше наречен „црн понеделник“ за македонската демократија.

Опозицијата тогаш се обидуваше да го спречи донесувањето на Буџетот за 2013 година, со образложение дека не била испочитувана процедурата и дека во комисиите не биле разгледани амандманите што тие ги поднеле.Во зовриена атмосфера, во салата влезе собраниското обезбедување и со примена на сила ги отстрани од салата опозициските пратеници, а отстранети беа и новинарите кои седеа во галеријата.

Тензично беше и пред зградата на Собранието, каде што се најдоа и приврзаниците на власта и на опозицијата, а меѓу нив беше поставена полицијата за да спречи евентуален конфликт.

„Да не се заборави 24.12.2012. Да не се повтори!”, порача на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Да не се заборави 24.12 2012Да не се повтори!

Posted by Oliver Spasovski on Недела, 23 декември 2018

Европскиот суд за човекови права и слободи во февруари 2017 година одлучи во корист на новинарите Насер Селмани, Наташа Стојановска, Фросина Факова, Снежана Лупевска, Билјана Богдановска и Тони Ангеловски, кои физички беа отстранети од собраниската седница за време на носењето на буџетот на 24 декември 2012 година.Новинарите побарале отштета од 5.000 евра секој, при што Владата ги оспорила овие барања како неосновани и прекумерни. Судот одлучи на секој жалител да му бидат исплатени по 5.000 евра врз основа на нематеријална штета.

Судот во Стразбур одлучи дека во овој предмет постои повреда на членот 10 од Европската конвенција за човекови права, кој се однесува на слободата на изразување, како и на членот 6, кој се однесува на правото на фер сослушување.

Би можело да ве интересира

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација