Шест албански државјани депортирани од Македонија

Од:

Шестте албански државјани од Либражд и Кукс, кои вчера наутро биле откриени при претрес на куќа во гостиварското село Чајле се депортирани во матичната земја, информираат од СВР Тетово.

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски, при претресот реализиран со судска наредба од полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица Гостивар во куќата и помошните простории на 52-годишниот Д.Ј. во гостиварското село Чајле, беа затекнати повеќе лица кои го немале регулирано престојот во земјава.

– По извршениот разговор со нив, вчера попладне изведени се пред судија за прекршоци на Основниот суд Гостивар. Нешто подоцна, преку граничниот премин Блато, тие се депортирани во нивната матична земја, откако претходно им се изречени забрани за влез во нашата земја од една до пет години, рече Јосифоски.

Албанските државјани на возраст од 22 до 47 години, немале пријавено престој, не поседувале лични документи и нелегално работеле на подрачјето како надничари или биле ангажирани со градежни активности.

Годинава, заради не регулиран престој од поширокиот гостиварски регион, депортирани беа десетина странски државјани. Минатата година, на поширокото гостиварско подрачје вкупно биле откриени 42 странски државјани, најмногу од Република Албанија. Повеќето, непријавено престојувале или престојувале спротивно на целта и нелеглно работеле на подрачјето. Некои од странските државјани, илегално влегле во нашата земја, бидејќи имале важечка забрана за влез.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он