Шеснаесет сообраќајки вчера во Скопје, повредени шест лица

Од:

Шест лица се полесно повредени во пет од 16 регистрирани сообраќајни незгоди изминатото деноноќие во Скопје.Единаесет сообраќајки се со последица материјална штета.

Како што информира Драган Вељановски, самостоен инспектор при Министерството за внатрешни работи, сообраќајната полиција санкционирала 28 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, четворица поминале на црвено светло на семафорот, а шест возачи возеле без појас или користеле мобилен телефон. Тројца пешаци, пак, поминале вон обележан пешачки премин, или пак поминале на црвено светло на семафорот за пешаци, а затекнати се и тројца возачи кои за време на управување на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл не го носеле заштитниот шлем.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 58 возила.

Одделението за превенција при СВР Скопје, вечер со почеток во 19 часот во просториите на полициската станица Гази Баба ќе одржи сообраќајна поука за граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.

Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ ќе се одржат едукативни работилници во градинка „Орце Николов “ – „Матичен објект“ во општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

38-годишен охриѓанец измами граѓани од Виница и Штип за над 3,5 милиони денари

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи