Шеснаесет нови проекти за развој на Пелагонискиот плански регион

Од:

Заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески, денеска со градоначалниците на општините Могила, Јасмина Гулевска, на Кривогаштани Рубинчо Шефтероски и на Новаци, Љубе Кузмановски, разговараше за реализацијата на проектите за развој на Пелагонискиот плански регион, за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби, финансирани од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа.

-Годинава со 35 милиони денари од буџетот на државата се финансиират 16 нови проекти во општините во Пелагонискиот плански регион. Тенденција на Владата е средствата за оваа програма секоја година да се зголемуваат и да се реализираат проекти кои што ќе имаат директно влијание на подобрувањето на условите за живеење, особено во малите и рурални општини, истакна заменикот министер Павлески, кој што во селата Могила, Пашино Рувци и Гермијан на лице место се интересираше за изведбата на проектите за регулирање на коритото на Црна Река и на нејзините притоки, рекострукцијата на патната инфраструктура и поврзување со регионалниот пат од Пашино Рувце, како и реконструкција на локална патна мрежа во село Гермијан.

Со средства од Програмата за рамномерен регионален развој оваа година за општините Крушево и Демир Хисар се набевени возила за собирање на отпад, во Битола, во Прилеп и во Ресен се зајакнати капацитетите на територијалните противпожарни единици, а се работи и на подобрување на социјалните услуги во општина Долнени, село Ропотово, каде што за таа намена целосно се реновираат и опремуваат административни простории.

Заменикот министер Павлески ја истакна и можноста за користење средства од ИПА Програмата за прекугранична соработка со Грција.

-За проекти за прекугранична соработка со Грција од страна на Европската Унија на располагање се 45,5 милиони евра, а Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион веќе го реализира Проектот за рурално претприемништво во вкупна вредност од 950 000 евра, финансиран од ИПА Програмата на Европската Унија Балкан Медитеран, рече Павлески.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска