Шеснаесет лица затруени со храна во Виница

Од:

Шеснаесет лица се затруле со храна од сендвичарница во Виница. Според информации на А1он, неколкумина биле хоспитализирани во болницата во Штип, а веќе била и затворена сендвичарницата.

Од минатата сабота до сега, околу 50 луѓе во Виница се затруени од храна, а надлежни за превенирање на ваквата состојба се од Агенцијата за храна и ветерина кои ги премолчија и двете труења.

Минатата недела беше затворена скаткарница во Виница, каде се затруја 25 луѓе, а тројца завршија во болница. Слаткарницата беше затворена по труењето од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, и повторно отворена дури вчера. По ова се поставува прашањето што прават инспекторите од Агенцијата за храна и ветерина кога им се случува во мал град за една недела да се затрујат 50 лица?

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за А1он кратко само потврдија за случајот, и наведоа дека нивни екипи изрекле забрана за вршење дејност на сендвичарницата.

Би можело да ве интересира

Уапсен е 32-годишен маж осомничен за обид за убиство

Горан Наумовски

Избегната трагедија во Виница: Пред кафана со нож го избодел познаникот

Директорка на училиште во Виница си ја вработи ќерката без соодветно образование

А1он

Тешка сообраќајка во близина на Виница, шестмина се повредени

Жена од Виница била нападната од нејзиниот зет

Двајца мажи и малолетници истепале жена

Горан Наумовски