Шемшедини: Саемите одлична можност за промоција на пчелните производи

Од:

Пчелари од Струга, Прилеп, Битола, Струмица и Кичево со свои производи учествуваат на петтиот Саем на медот што викендов се одржува во Струга во органзиација на здружението на пчелари „Матица“, со поддршка на Општина Струга и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседателот на Здружението на пчелари „Матица“ од Струга Шефит Шемшедини смета дека саемите се одлична можност за комуникација меѓу пчеларите, размена на искуства, промоција на своите производи, но и запознавање на граѓаните со квалитетен мед, пчелни производи, како и за придобивките од нив.

– Задоволни се и пчеларите, но и посетителите. Луѓето знаат дека се нуди квалитетен мед. Купуваат во поголеми количини или по неколу денови се јавуваат и велат дека згрешиле зошто не земале повеќе, вели Шемшедини, кој е сопственик на 80 пчелни семејства, што ги одгледува во чиста еколошка средина во Струшко.

Иако беше најавено присуство на пчелари од соседна Србија и Албанија, сепак и годинава не присуствуваа. Причина за тоа, според Шемшедини, се граничните контроли и неусогласувањето со царинските правила.

– Пчелари од Србија и Албанија се вратија од граница. Од нив бараат да се запише цел материјал што ќе влезе во земјава и да го вратат назад, појасни организаторот на Саемот.

Во однос на нелојалната конкуренција, забележа дека институциите треба да водат поголема грижа и да не дозволуваат увоз и продажба на мед со гликоза и шеќер. Според него, тегла мед која се продава за 280 ден неможе да биде квалитетен.

– За да купите квалитетен мед потребно е да имате анализа или да го познавате човекот што го прави, подвлече Шемшедини, нагласувајќи дека посетитлеите имаат можност на саемот освен мед да купат и други пчелни производи: матичен млеч, прополис, како и литература за пчеларство и одгледување пчели.

Претседателот на Сојузот на пчеларски здруженија на Македонија, Менде Трајковски, кој е пчелар од битолскиот дел на Мариово на саемот учествува секоја година.

– Целта на саемите е да се зголеми потрошувачката на медот и останатите пчелни производи. Мислам дека во голем дел се успева и се зголемува интересот кај населението за конзумирање пчелни производи, истакна Трајковски, кој на својот штанд нуди мед, прополис, полен, восок, мед во пита, мешавини од пчелни производи…

Говорејќи за квалитетот на медот, забележа дека граѓаните препознават и се повеќе бараат органски сертифицирани производи.

– Нелојална конкуренција има и нас ни претставува голем проблем. Како Сојуз често апелираме инспекциите да вршат почести контроли. Сметам дека и во тој дел има некој успех. Во иднина очекувам повеќе со новиот правилни за храна, каде условите се поригорозни. Неможе ако некој пчелар извадил 500 килограму мед да продава 1.500. Нелојалната конкуренција мора да се доведе до минимум, подвлече Трајковски.

Стружани, но и туристите го посетуваат саемот и купуваат мед и пчелни производи пред се заради гарантираниот квалитет. Велат дека не веруваат многу на трговците и најчесто мед купуваат од познати или од саеми каде што веруваат дека е понуден квалитет.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“