Шеќеринска: Вождот е гол, а неговите партиски извршители во тотална конфузија

Од:

Деновиве, реагира СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ја малтретира јавноста обидувајќи се да го потцени и девалвира Извештајот на Комисијата за 24. Декември.

Болната вистина од која ВМРО-ДПМНЕ бега, велат, е дека во официјален и полноважен документ е нотирано бруталното исфрлање на новинарите и пратениците од опозицијата од Собранието на црниот понеделник и дека власта го прекрши највисокиот акт на државата – Уставот на Република Македонија.

„Уште еднаш потенцираме. Извештајот за 24-ти Декември е едногласно усвоен и потпишан од сите членови на комисијата. Ставањето на забелешка при потпишувањето на Извештајот од страна на членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата, по неговото едногласно усвојување, нема никакво влијание на полноважноста на Извештајот, ни политички, ни правно.Груевски треба да и објасни на јавноста зошто овој изум со ставање на забелешки после потпис на договори не го употребува на пр. при потпишување на договорите за задолжување на државата. Зошто после неговиот потпис не напише фуснота која ќе гласи „без согласност на граѓаните на Република Македонија“, па граѓаните да немаат обврски да ги враќаат огромните кредити и долгови“, изјави Радмила Шеќеринска.

Ноторна глупост, вели, е обидот на власта аргументација за оградување од договорот да бара во Виенската Конвенција. Виенската конвенција се однесува на меѓународни договори кои се применуваат во односи меѓу држави. Споредбено, тоа е како да се обидете меѓународни правила за прекуокеанска пловидба да ги примените за возење кајче во Охрид.

„Конфузијата на ВМРО-ДПМНЕ станува комична. За Груевски Извештајот е невалиден, Димовски тврди дека се потпишал на тоалетна хартија,а министерот за надворешни работи Поповски го поздравува извештајот и го истакнува неговото значење за европската перспектива на Македонија. Од иста влада и од иста партија ли се овие луѓе?Очигледно, власта има два става. За домашна и за меѓународна употреба.

– Доколку премиерот е толку бескомпромисен, цврст и решителен дека Извештајот е невалиден, зошто истото што го тврди за македонската јавност, дека не ги признава правните квалификации на Извештајот, не им го соопшти и на авторитетите во Брисел? Штефан Филе конкретно прецизираше дека го поздравува финалниот Извештај усвоен со консензус. Зошто Груевски јасно и прецизно не му соопшти на Филе дека Извештајот, потврден од меѓународни експерти, го смета за безначајно парче хартија? Дека ЕУ комесарот Филе грешно тврди дека „извештајот е усвоен со КОНСЕНЗУС, поддржан од СИТЕ членови на Комисијата„? И потоа да побара позитивен извештај на Европската Комисија за Македонија“, праша Шеќеринска.

Очајни се напорите на власта пред домашната јавност да прикаже цврстина и непопустливост,потенцираше Шеќеринска.

„Вождот е гол, а неговите партиски извршители во тотална конфузија.СДСМ непоколебливо ќе инсистира на доследно исполнување на сите обврски што произлегуваат од Извештајот, усвоен со консензус и испратен како таков. Ова е единствениот начин за враќање на европските вредности во Република Македонија.

– Денес, кога извештајот влегува во Собранието, бараме веднаш да се почне со неговото спроведување. Прв и најважен чекор што Трајко Велјановски може да го направи во спроведувањето на извештајот е да си поднесе оставка, бидејќи во полноважен и релевантен документ, е констатирано дека токму тој, во неколку наврати го прекршил Уставот, Законот на Собранието и Деловникот“, изјави Шеќеринска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува да раководи со Аеродром, општина која треба да биде средена, урбана и пристојна

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шукова од Кисела Вода: Топ 20 проекти за Скопје да стане град за достоинствен и здрав живот

(ВИДЕО) Трајковски: Промени во Кисела Вода, Орце беше администратор на лаги – ништо не направи

Филипче: Да не се проектите на СДСМ, Мицкоски нема ни каде да се слика, има нула инвестиции

(ВИДЕО) Филипче од Кисела Вода: Мицкоски бил против криминалот, а во партијата седи на столче купено од криминал

Герасимовски: Двосменско работење и поволни цени за престој во градинките како поддршка на младите семејства