Членството во НАТО е од голема корист не само за Македонија, туку и за Алијансата, а интегрирањето на регионот може да биде дополнителен фактор за стабилизација на Европа во целина, изјави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, во заедничко интервју за порталот „Европски Западен Балкан“ со министрот за одбрана на Црна Гора Предраг Бошковиќ.
Според Шеќеринска регионот е подготвен да се издигне над маглата на национализмот и да ја остави историјата на историчарите.
– За првпат во историјата во Македонија граѓаните гласаа надвор од нивниот етнички и верски блок. Сметаме дека тука постои политички и општествен капитал. Сакаме да бидеме светилник за Балканот и да ја шириме пораката за коегзистенција. Ова е камен темелник на нашата внатрешна стабилност, вели Шеќеринска, во интервјуто за порталот „Европски Западен Балкан“.