Шеќеринска на увид во активностите за реконструкција на објектот наменет за Командата на Бригада на ЈИЕ

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изврши увид во активностите што се изведуваат на објектот во кумановската касарната „Боро Менков” во Куманово наменет за Командата на Бригадата на Југоисточна Европа – SEEBRIG.

Објектот, интензивно се реконструира и адаптира, со цел непречено функционирање на командниот тим во наредните шест години, бидејќи од септември годинава, земјава ќе биде домаќин на седиштето на Командата на SEEBRIG – Бригада на Југоисточна Европа.

– Од септември, годинава Република Северна Македонија станува домаќин на оваа бригада која е една од најсилините регионални иницијативи, практично ќе бидеме домаќин на целата оваа команда, каде што очекуваме околу 40 припадници на вооружените сили на земјите членки и дополнително повеќе од десет наши припадници кои што практично ќе станат дел од штабот, односно од Командата на Бригадата на Југоисточна Европа, истакна министерката Шекеринска во кумановската касарна.

Зградата која се реновира ќе биде центар на регионалните иницијативи и регионалната соработка. Командата и оваа бригада, појасни министерката, е иницијатива која обединува шест земји.

-И во овој момент сите земји членки, се веќе членки на НАТО, така што во годината кога станавме земја членка на НАТО, стануваме и домаќин на оваа важна регионална иницијатива и очекуваме сите подготовки за командата да бидат завршени уште во месец јуни, за да можеме да го официјализираме почетокот на нашиот мандат како домаќин на Бригадата на Југоисточна Европа, појасни Шекеринска.

Откако ќе си замине Командата, објектот останува на Армијата и ќе биде дел од реновирањето на објектите. Во моментов, информираше министерката дека парлелно се спроведуваат четири реконструкции на објекти во Армијата и неколку за модернизација на водоснабдување и други придружни активности на армиските објекти.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

Орце Костов

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска

МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет, во 2022 тука ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници

Ана Ололовска