Шекеринска: Имаме План за здравство кое лекува

Од:

Радмила Шеќеринска, носител на кандидатската листа на СДСМ и здружената опозициска коалиција во изборната единица 5 од Кичево денеска порача дека мора да се запре масовното иселување на младите со покачување на платите и отворање на што повеќе работни места.

– Денеска сме во Кичево каде што граѓаните се соочуваат со истите проблеми како и низ цела Македонија. Еден од нив се катастрофалните услови во здравството, рече Шеќеринска на средбата со граѓани во овој град.

Таа го посочи и износот на гарантираната плата како дел од нивната изборна програма „План за живот“ во Македонија.

– Ние во нашиот план за живот во Македонија гарантираме минимална плата која ќе изнесува 16.000 денари, секоја година ќе биде зголемена и ќе обезбедиме на крајот на мандатот просечната плата во РМ да изнесува 30.000 денари, рече меѓу другото носителот на листа од СДСМ и  здружената опозициска коалиција во изборната единица 5, Шеќеринска на средбата со граѓани организирана на градскиот плоштад во Кичево.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он