Шекеринска: Заканите на власта нема да имаат ефект

Од:

На новинарско прашање на денешмата прес конференција за тоа на кој начин ќе бидат пласирани „бомбите“во јавноста.

Првата е, ако се договорите сепак во овој интерегрум дека би можелe информациите и да не се објават и податоците што ги поседувате. Втората е дека, би се вратиле во Собранието и од собраниска говорница да го кажете тоа што имате да го кажете за да се заштитите од евентуални апсења или реперкусии заради немањето на пратеничкиот имуните, односно мандат. Колку овие шпекулации имаат реална поткрепа?

Шекеринска одговори:

И сами им дадовте вистинско име, шпекулации. Овие денови ќе се занимаваме со илјада и една измислица, шпекулации и најобични лаги, само да се тргне вниманието од она што е најважното. На кој начин се газат и се згазија независните институции во Македонија и на кој начин да се спречат и новинарите и медиумите, но и граѓаните да ја чујат вистината за Македонија.

Прво и основно, не треба вам да ви кажувам. Не знам колку пати во изминатиов период ја чувте истата реченица од сите претставници на СДСМ и на опозицијата. Наша одговорност, не само како политичари, наша одговорност како граѓани на оваа држава е сé она што го имаме, сé она што го поседуваме, да го објавиме пред македонската јавност. Јавноста има право да донесе и сопствен суд за тоа што ќе го види.

Во ниеден момент не постоеше ниту можност, ниту идеја тоа да ни се случи. Ако некој во оваа партија се плашеше од последици по себе, по своите, денеска овде пред Вас ќе стоеше поинаква опозиција. Ќе скриевме она што го имаме, ќе дигневме раце и ќе кажевме ајде некој друг нека ја води битката. Меѓутоа, во оваа држава сите имаме одговорност. Имаат одговорност медиумите, имаме одговорност ние како опозиција, имаме одговорност сите ние и како граѓани. Во ниеден момент не паднавме на испитот на таа одговорност.

И заради тоа не бегаме од објавувањето на вистината, заради тоа не калкулираме со тоа кој ќе ги објавува овие документи, и заради тоа уште еднаш повторуваме, заканите на власта нема да имаат ефект.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојановски: Дојранското Езеро пресушува – хидросистемот Ѓавато не функционира

(ВИДЕО) Јанковиќ: Младите во Македонија спасот го гледаат во странство – бројот на вработени намален за 17.000

СДСМ: Скапо ја плаќаме неспособноста на Мицкоски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба?

Шукова: Верувам дека културата не е трошок, туку инвестиција во иднината на еден град

Требаше да биде кандидат на СДСМ, а му се приклучи на тимот на Ѓорѓиевски во трката на Скопје