Шекеринска: Враќањето на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО ќе донесе стабилност

Од:

Забележан е прогрес во реформите и Балканот повторно е во фокусот на Европската Унија, беше заклучено на денешната средба на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и делегација од ЕУ, предводена од Жан-Кристоф Белијард политички директор во службата за надворешна политика на Унијата.

На средбата присуствуваа и Ангелина Ајхорст, директор за Западна Европа, Западен Балкан и Турција, како и евро-амбасадорот Самуел Жбогар.

„Владата на Република Македонија, заедно со Собранието и другите институции сме фокусирани на реформите од програмата 3-6-9. Ние цврсто веруваме дека враќањето на земјата на патот кон интеграцијата во Европската Унија и НАТО ќе придонесе за домашната и регионалната стабилност и за овие процеси очекуваме поддршка од Европската Унија“, рече министерката Шекеринска.

Политичкиот директор Белијард истакна дека новата позитивна атмосфера е јасно видлива и дека има повеќе елементи кои ќе му помогнат на Балканот како целина, а еден од нив е и претседателството на Бугарија со Унијата. Тој истакна дека нашата држава треба да се фокусира на реформите и дека на Македонија повторно се гледа како на добар пример, со што се создава позитивна атмосфера во Европската Комисија.

Министерката го посочи и фактот дека во Македонија постои целосен консензус околу интеграцијата во НАТО и во Европската Унија и дека кога граѓаните и институциите гледаат дека регионот се враќа на агендата на ЕУ, расположението за реформи е многу посилно.

Шекеринска додаде дека Македонија сака да биде дел од европските одбранбени програми и дека Министерството е посветено на одбранбените реформи и изработката на клучни документи како Стратегискиот одбранбен преглед, но и на регионалната соработка и придонесот кон мирот и безбедноста преку учество во мисиите на НАТО, Европската Унија и на Обединетите Нации.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

Орце Костов

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска

МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет, во 2022 тука ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници

Ана Ололовска