Шекеринска во Неапол: Потврдена улогата на Северна Македонија како кредибилен НАТО сојузник

Од:

Ситуацијата во светот, со осврт на Авганистан и состојбите во регионот каде нашата земја како членка на НАТО директно придонесува во мирот и стабилноста, била тема на разговор на денешната средба на министерката Радмила Шекеринска со командантот на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО, адмирал Роберт Бурк во Неапол.

Од Министерството за одбрана соопштија дека министерката на средбата истакнала дека членството во НАТО не е само привилегија туку и одговорност и можност да даваме придонес во мирот и безбедноста во светот и во регионот.

-Затоа сме горди на нашето учество во мисијата КФОР во Косово, бидејќи така најдиректно регионот ги почувствува придобивките од членството на нашата земја во НАТО, а НАТО доби сојузник чија конструктивна политика одамна е препознаена во регионот и пошироко, истакнала Шекеринска.

Делегацијата од Министерството за одбрана и од Армијата имала средби и во директоратите за вежби и операции каде била брифирана за активностите и плановите на Сојузничката команда, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина