Шекеринска во Куманово на отворен ден на Армијата за граѓаните

Од:

На платото пред СРЦ градски базен во Куманово, Министерството за одбрана и Армијата, во соработка со локалната самоуправа Куманово организира отворен ден на Армијата за граѓаните.

Настанот е дел од активностите со кои се одбележува неделата на НАТО, 70 – годишнината од основањето на Алијансата и напредокот на Република Северна Македонија кон членство во НАТО.

На отворениот ден, информира Генералштабот на Армијата, присутните ќе имаат можност да проследат повеќе музички нумери во изведба на воениот оркестар, да ја проследат познатата точка на припадниците на баталјонот за почести „Егзирцир“ и да се запознаат со дел од вооружувањето и опремата кои ќе бидат изложени од страна на припадниците на армијата.

Како што е најавнео, активностите кои ќе бидат прикажани на отворениот ден ќе ги проследат и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заменик на началникот на генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин и командантот на здружената оперативна команда генерал-мајор Павле Арсоски и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, како и претставници на јавните претпријатија, училишта и организации од локалната самоуправа.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени